Од:

Ердоган планира да ја враќа смртната казна во Турција

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека по референдумот за воведување претседателски систем на 16 април очекува Парламентот да одобри повторно воведување на смртната казна во Турција.

„Семејствата на нашите паднати борци и семејствата на нашите херои не мора да се грижат, верувам дека Парламентот ќе направи сѐ што е неопходно за по 16 април повторно да се воведе најстрогата казна“, порача денес Ердоган на собир пред свои поддржувачи.

Како што вели тој, како претседател тоа ќе го направи без двоумење.

Оваа негова идеја дојде по неуспешниот обид за државен удар на 15 јули 2016. Истата е укината во 2004 поради кандидатурата на Турција за прием во Европската Унија.



Comments are closed.