Од:

Ердоган побара од Трамп да не им праќа оружје на сириските Курди

Доналд Трамп денес го прими Реџет Таип Ердоган во Белата куќа. Двајцата имаат средба во четири очи околу темата околу која нивните ставови се разидуваат – курдските борци во Сирија.

Американскиот претседател лично го дочека Ердоган на влезот на Белата куќа. Потоа тие разговараа на Овалната соба и дадоа изјави за новинарите без да одговорат на новинарски прашања.

Според Трамп разговорот бил “долг и продуктивен” а целта на разговорот била да се најде заедничка терен во  борбата против тероризмот.

Но, посетата се случува една недела откако САД одлучија да им испорачаат оружје на Курдите во Сирија. САД сметаат дека арабо-курдската коалиција на Демократските сили на Сирија е нивниот најефикасен сојузник на теренот.

Со тоа не се согласува Ердоган кој смета дека Курдите од Сирија се продолжена рака на курдската Работничка партија (ПКК) во Турција, сепаратистичка организација  против која Анкара се бори уште од 80те години. Турскиот претседател побара од Трамп без одлагање да ја повлече одлуката за испорака на оружје