Од:

Ердоган разочаран од Меркел за Резолуцијата за геноцид над Ерменците

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска остро ја критикуваше германската канцеларка Ангела Меркел бидејќи не го сопрела гласањето во германскиот Бундестаг за Резолуцијата според која отоманските Турци се смета дека извршиле геноцид над Ерменците во 1915 година.

Тој вели не разбирал зошто Меркел не успеала да ја убеди својата партија, владејачката демохристијанска унија CDU/CSU да гласа против Резолуцијата, тврдејќи дека таа ветила дека ќе го стори сето она што е во нејзина моќ за да го спречи гласањето.

„Сега се чудам: како по таквата одлука германските челници ќе се соочат со мене и со нашиот премиер“, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во интервју објавено во саботата во неколку дневни весници.

За сега Турција не ги открива своите планови со какви мерки ќе возврати, но ништо не исклучува. Анкара веднаш по гласањето го отповика својот амбасадор во Берлин.

Турскиот претседател предупредува дека Германија би можела да загуби „важен пријател“ и истакнува дека во оваа земја живее голема турска популација.

Сепак турскиот претседател потенцира деак се работи за турско-германско прашање и дека не е поврзано со поширокиот договор со Европската унија за запирање на мигрантскиот бран кон западна и северна Европа.

Долниот дом на германскиот парламент – Бундестагот, во четвртокот со огромно мнозинство присутни, со еден глас против и еден воздржан ја прифати резолуцијата дека страдањата на Ерменците од страна на војската на Османлиското царство во текот на Првата светска војна кое тогаш било сојузник на Царството Германија, се прогласува за геноцид.

Ерменците проценуваат дека околу 1,5 милиони припадници на нивниот народ се систематски убивани кон крајот на Отоманската империја, а многу историчари и повеќе од дваесет земји, меѓу нив и Франција, Италија и Русија, го признаваат геноцидот.