Од:

ЕУ усвои заклучоци за борба против тероризмот

Европската унија денеска во Брисел усвои пакет заклучоци за борбата против тероризмот и се обврза на посилна соработка и со државите од Западен Балкан. Посебен дел од новите мерки ќе се однесува на борбата против радикализација и користење интернет и социјални мрежи во тој процес.

Советот за надворешни работи на ЕУ наведе дека се усогласени мерките што треба да ги преземе Одборот за надворешни работи на Унијата. Една од мерките ќе биде испраќање експерти за безбедност и борба со тероризам во делегациите на ЕУ.

Во однос на Западен Балкан, Советот на ЕУ ја истакнува „важност на оперативно партнерство со сите држави од регионот“ со постоечки модели на соработка вклучително и Иницијативата на Западен Балкан против тероризам, како и системите за јакнење на безбедносни управи кои опфаќаат и борбата против организиран криминал и безбедност на границите.

„Советот на ЕУ истакнува значење на заедничките напори во контрола и спечување на незаконска трговија со оружје, движење на странски борци во борба против влијанието на екстремистичките идеологии на Заpден Балкан“, соопштено е во Брисел.

Оценето е дека тероризмот е најголема закана и Унијата мора да ги зајакне своите капацитети за борба и надзор над финансиски текови.