Од:

Евролига: Олимпијакос и Реал М. со стартни водства во четврт-финалето

Фото: euroleague.net

Олимпијакос и Реал Мадрид поведоа со 1:0 во четвртфиналето во кошаркарската Евролига. Тимот од Пиреја славеше во воведните 40 минути од серијата со Анадлу Ефес со 87:72 (по четвртини: 18:11, 24:20, 25:19, 20:22). Дури пет негови играчи постигнаа двоцифрен број поени, најмногу меѓу нив Вангелис Манцарис (14) додека со дабл-дабл ефект завршија Принтезис (11 коша, 11 скока) кај домашните и Ханикат кај гостите (17 поени, 10 скока). Грчката екипа е домаќин и во втората средба (петок, 20 ч.).

Реал во Мадрид ја порази Дарушафака со 83:75 (по четвртини: 16:24, 20:13, 25:16, 22:22). Турскиот претставник, кој до топ 8 стигна во последното коло од лигашкиот дел, беше подобар ривал само во првите 10 минути. Во продолжение работите си дојдоа на свое место по домашниот тим. Во втората четвртина ја анулира негативата, во третата направи пресврт и во последната рутински ја одбрани. Одлична вечер имаше Серхио Љуљ со 23 поени, два повеќе од Вонамејкер, најефикасниот кај гостите од Истанбул.

Евролига

Четврт-финале

Олимпијакос – Анадолу Ефес 87:72 (резултат во серијата 1:0)

Реал Мадрид – Дарушафака 83:75 (1:0)

ЦСКА Москва – Басконија 98:90 (1:0)

Панатинаикос – Фенербахче 58:71 (0:1)