Од:

Европска лига: Македонија со максимален ефект на турнирот во Скопје

Фото: cev.lu

Македонија е на одличен пат да обезбеди ново учество на Фајналфор турнирот во Европската одбојкарска лига за 2017 година. Националниот тим забележа максимален ефект на првиот турнир во А конкуренцијата и како лидер на табелата ќе патува во Тирана, Албанија, на доигрување на групната фаза од натпреварувањето.

По победите над Азербејџан во првото коло (3:0) и против Албанија (3:0) во второто, најдобрите македонски одбојкари вечерва ја совлада и Шведска со 3:1 (по сетови: 24:26, 25:17,  25:18, 25:18) за потврда на фаворитската улога во однос на ривалите, но и на имиџот што го градеа во Европската лига во изминатите сезони.

Никола Ѓорѓиев по третпат беше најефикасен во домашната селекција на турнирот во СРЦ „Кале“. Капитенот против Скандинавците забележа 27 поени пришто најголема поддршка имаше од Љафтов кој додаде девет.

Во првиот меч од завршното коло во Скопје, Албанија го пораз Азербејџан со 3:1 (25:22, 25:22, 17:25, 25:10).

Европска лига 2017

Група А, 3 коло

Шведска – Македонија 1:3 (по сетови: 24:26, 25:17,  25:18, 25:18)

Азербејџан – Албанија 1:3 (по сетови: 22:25, 22:25, 25:17, 10:25)

Табела: Македонија (3 победи-0 порази) 9 бода, Албанија (2-1) 5 бода, Шведска (1-2) 3 бода, Азербејџан (0-3) 1 бод.

Група Б, 6 коло

Украина – Унгарија 3:2 (по сетови: 25:15, 21:25, 25:21, 22:25, 15:11)

Данска – Израел 3:1 (по сетови: 19:25, 25:18, 25:18, 25:18)

Табела: Украина (5 победи-1 пораз) 14 бода, Данска (4-2) 12 бода, Унгарија (2-4) 7 бода, Израел (1-5) 3 бода