Од:

Европските Зелени: Одговорноста за ескалацијата во Груевски и Иванов

Претставниците на Европската партија на зелените, Рејнхард Бутикофер и Моника Фрасони, велат, цврсто ги осудува вчерашните случувања во македонскиот Парламент, од страна на, како што велат, националистичките разбојници.

– Стоиме солидарно со парламентарците и новинарите кои беа нападнати. Ги повикуваме сите страни да демонстрираат разумност и да се воздржат од насилство, се вели во заедничката порака.

Според нив, одговорноста за ескалацијата на тензиите лежи во лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и претседателот Ѓорѓе Иванов.

– Политичката одговорност за ескалацијата на тензиите во Македонија, треба да се бара во екс-премиерот Никола Груевски и Претседателот Иванов кои не сакаат да го почитуваат исходот од последните парламентарни избори, и го спречуваат лидерот на СДСМ, Зоран Заев да формира нова влада која ја има поддршката од мнозинството во Парламентот. Тврдоглавоста и блокадата против политичкиот процес, мора да прекине веднаш, порачуваат тие.

Бутикофер и Фрасони ги повкиваат високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини и еврокомесарот Јоханес Хан со сите сви напори да посредуваат да се забрза процесот и да продолжи нормалното политичко дејствувањ во Македонија.

Европската партија на зелените иста така дава поддршка на нивната сестринска партија ДОМ, односно на лидерката Лилјана Поповска и пратеничката во Парламентот, Маја Морачанин.