Од:

Фазлиу за НОВА: БЕСА ќе ги даде петте потписи за состав на Влада

Фатон Фазлиу од партијата БЕСА вели дека тие се спремни да ги дадат петте потписи на нивните пратеници кои ги имаат во парламентот на Македонија, за СДСМ да го добие мандатот од Иванов и да почне да формира Влада.

Тој во подкастот со Борјан Јовановски, вели дека тие ќе ги дадат потписите, но за формирањето на владата и дали БЕСА ќе бидат дел од неа, повторно имаат дваесет дена во кои ќе се консултираат во партијата.

За тоа дали учествувале во преговорите за Законот за албански јазик, тој вели дека тие не биле информирани на таа тема од никој.

„За Законот за албанскиот јазик ние не сме информирани од никого досега, ние бевме вклучени само во преговорите кои се случија во Тирана и кажавме јасно и гласно дека нема да седнуваме во Скопје со Али Ахмети и со оваа гарнитура на ДУИ.

Не можеме со никој што ја донесе државата до овој степен, само ако најдеме некоја олеснителна околност како што бесе со Рама да, инаку со покана на Ахмети или на Села ние нема да седнеме во Скопје и да преговараме“, изјави Фазлиу.