Од:

Федерер како тинејџер, Австралија жали за Томиќ

Роже Федерер с` уште има што да понуди во светскиот тенис. Швајцарецот го покажа тоа во мечот од третото коло на Австралија опен. Без многу проблеми и со игра како во најдобрите денови во неговата кариера го совлада Томаж Бердих со 6:2, 6:4, 6:4 и во осминафиналето ќе се сретне со Јапонецот Кеи Нишикори.

Рутински натпревар имаше и Британецот Енди Мареј. Првиот носител и најдобар светски рекет во три сета го порази Сем Квери од САД со 6:4, 6:2, 6:4.

Настапот на турнирот заврши за Бернард Томиќ, еден од адутите на домашната публика. Даниел Еванс од В. Британија го елиминира австралискиот тенисер со 7:5, 7:6, 7:6 на разочарување на домашната публика која остана без адут по поразот и на Ник Кирјос во претходните кола.
Проблеми немаа ниту фаворитите на женскиот турнир во Мелбурн. Германката Анџелик Кербер забележа нов триумф на патот кон одбрана на титулата. Таа во третото коло загуби само четири гема во дуелот со Кристина Плишкова од Чешка (6:0, 6:4).

Венус Вилијамс продолжува со добрите игри на гренслемот. Американката експресно се пласира во осминафиналето по убедливата победа над Кинеската Јинг Јинг Диан со 6:1, 6:0

Австралија опен

Резултати, 3. коло

Мажи

Мареј (1., В. Британија) – Квери (31., САД) 6:4, 6:2, 6:4
М. Зверев (Германија) – Јазири (Тунис) 6:1, 4:6, 6:3, 6:0
Федерер (17., Швајцарија) – Бердих (10., Чешка) 6:2, 6:4, 6:4
Нишикори (5., Јапонија) – Лацко (Словачка) 6:4, 6:4, 6:4
Вавринка (4., Швајцарија) – Троицки (29., Србија) 3:6, 6:2, 6:2, 7:6
Сепи (Италија) – Дарсис (Белгија) 4:6, 6:4, 7:6, 7:6
Цонга (12., Франција) – Сок (23., САД) 7:6, 7:5, 6:7, 6:3
Еванс (В. Вританија) – Томиќ (27., Австралија) 7:5, 7:6, 7:6

Жени

Кербер (1., Германија) – Кр. Плишкова (Чешка) 6:0, 6:4
Вандевеге (САД) – Бушар (Канада) 6:4, 3:6, 7:5
Кирсета (Романија) – Риске (САД) 6:2, 7:6
Бартел (Германија) – Барти (Австралија) 6:4, 3:6, 6:3
В. Вилијамс (13., САД) – Дуан (Кина) 6:1, 6:0
Павлјученкова (24., Русија) – Свитолина (11., Украина) 7:5, 4:6, 6:3
Кузнецова (8., Русија) – Јанковиќ (Србија) 6:4, 5:7, 9:7
Мугуруза (7., Шпанија) – Севастова (32., Летонија) 6:4, 6:2