Од:

ФИФА одлучи: Од 2026 на Мундијалот ќе има 48 репрезентации

На седницата на Советот на светската куќа на фудбалот едногласно е одлучено Мундијалот во 2026 година да се одржува по новиот принцип, кој го поддржа и претседателот на ФИФА Џани Инфантино.

Наместо како досега 32 репрезентации распоредени во осум групи по 4 национални селекции, ќе се игра во 16 групи по 3 репрезентации. Од секоја група понатаму ќе продолжат по две екипи. Потоа ќе следува шеснаест финале, а понатаму како и досега, ќе се продолжи со елиминациони борби се до завршниот меч за титула.

Овој систем ќе го зголеми бројот на натпревари на Мундијалот од 64 на 80, а ќе и донесе и дополнителен приход на ФИФА од една милијарда долари. Но, на шампионот и понатаму ќе му бидат потребни седум натпревари, како и до сега, за да дојде до тронот. Турнирот ќе трае 32 дена, со што ќе им биде задоволено на големите европски клубови кои бараат да не се зголеми премногу траењето на Мундијалот.

Членките на ФИФА, вкупно 211, можеа да бираат меѓу пет опции – две со по 40 учесници на Светско првенство, а две со по 48, како и актуелниот модел со 32 репрезентации.

Засега не е познато каде ќе се игра првенството во 2026 година, а голема е можноста домаќин да биде некоја држава од Северна Америка.