Од:

Флекенштајн: Не се видовме со Иванов, но разговаравме со неговиот шеф

Европскиот пратеник Кнут Флекенштајн, по неговата посета во Македонија, во ова интервју за НОВА вели дека во нашата земја демократијата не функционира во моментов.

Г-дине Флекенштајн, како би ја опишале вашата посета на Македонија минатата недела? Дали имавте конструктивни разговори, дали видовите конструктивни политичари, бевте ли разочарани, изненадени, загрижени…?

Флекенштајн:

Не е лесно во една реченица да се опише. Разговаравме со албанските партии, со г-дин Заев, со г-дин Груевски. Се разбира тие разговори беа различни. На крајот остана загриженоста дека демократијата не функционира во моментов. Имав јасно чувство дека албанските партии и СДСМ стојат на тоа дека ќе соработуваат. Но не помага тоа што претседателот не сака да го даде мандатот и дека во суштина опозициската партија не сака да се помести. Во моментов немам идеја како да се реши овој проблем.

НОВА

Три месеци по изборите Македонија се уште нема влада. Националистичката реторика се зајакнува. Дали сте загрижени за стабилност и меѓуетничките односи? Кога Могерини беше во Скопје рече “не играјте со оган”. Каков оган? Навистина ли може да има оган?

Флекенштајн:

Се надевам не, но ние знаеме на што Могерини мислеше кога тоа го кажа. Треба да се избегне се што може да стане меѓуетнички конфликт и во кој никој нема да победи. Сериозно ја сфаќам загриженоста на некои луѓе. Кои стравуваат дека албанското малцинство може да се однесува на неадекватен начин. Но ако ја прочитате програмата на 67 пратеника, јас не гледам што е проблемот. Ние во Европскиот парламент мораме јасно да ставиме на знаење демократијата значи промена, на следните избори можеби нова промена, но мораме исто така јасно да им кажеме на луѓето кои се загрижени дека земјата се оддалечува токму од својот идентитет. Не е наша задача само да се бориме за демократија туку и за разбирање. И тоа треба да го правиме повеќе отколку што сега го правиме.

НОВА

Некои луѓе од ВМРО-ДПМНЕ кои ова го гледаат ќе си речат – па да Флекенштај е социјалист и сака да ги поддржи социјалистите.

Флекенштајн:

Да јас сум социјал демократ. Но сите видоа дека таму бевме со Либералната партија и со Народната партија ЕПП и со конзервативниот комесар г-дин Хан кој е добар пријател на г-дин Курц од Австрија. И сите ги рековме истото. Сигурен сум исто така дека г-дин Груевски, кога ќе стаса на Малта, на конгресот на Народната партија ќе чуе многу јасни пораки од сите со кои што ќе се сретне. Дури и доколку мисли дека ова е тотално лоша политика, гласачите гласаа и коалицијата е легална и тоа треба да се почитува.

НОВА

ВМРО-ДПМНЕ зборува за тиранска платформа, социјалистите зборуваат за програмата на новата влада. Како да присуствуваме на дијалог на глуви. Што вие мислите?

Флекенштајн:

Јас сум ми се чини еден од ретките што ја имаат прочитано оваа платформа. Таму не видов ништо што би било навистина опасно за земјата. Можеби лошо толкувам но знам дека таму нема ништо опасно.

Зошто партиите се сретнаа во Тирана? Јас дознав дека една од партиите не сакала да се сретне со другите партии и потоа премиерот Рама успеал да ги седне заедно.

НОВА

Тоа е причината за нивната средба во Тирана?

Флекенштајн:

Јас тоа го слушнав. Но можеби тоа не беше најдобрата акција затоа што многу луѓе, и оние што се на улица, не ја читале платформата. Фактот за средба во Тирана ја прави средбата сомнителна. И јас ги разбирам, не требале да одат во Тирана и на тоа требале да мислат порано.

НОВА

Бевте веројатно разочарани затоа што не се сретнавте со претседателот Иванов. Дали ова е политичка порака која претседателот Иванов и Никола Груевски, сакаа да ви ја пратат вам, на Иво Вајгл и на Едвард Кукан и на Јоханес Хан но преку вас и на целата ЕУ?

Флекенштајн:

Средбата беше планирана но не се оствари. Но како што знаете се сретнавме со шефот лично г-динот Груевски. Јас не бев цело време во собата но средбата беше јасна и отворена од двете страни. Немаше да имаме поинаква дискусија со претседателот. Се што требаше да дознаеме дознавме. Сега ние треба да размислиме како да му пристапиме на тој проблем и да најдеме решение без да играме со оган.

НОВА

Можете ли да ни кажете како помина средбата со ВМРО? Конструктивно?

Флекенштајн:

Не сакам сега да влегувам во детали бидејќи средбата не беше на пазар туку во Парламентот. Но ВМРО јасно стави на знаење дека програмата не е иста како што била претставена претходно и покрај 67 пратеници. Од наша страна беше кажано дека, како во сите земји, има албанска платформа и има програма на социјалистите и на крајот се бараат компромиси и се земаат делови од секое. Во спротивно можете да ја водите земјата само ако имате апсолутно мнозинство а тоа обично не е случај. Не дојдовме до заеднички заклучок но ние треба да туркаме кон демократија и да се разговара за вистинските точки на несогласување за да биде појасно отколку што е сега. За да се избегне пораст на демонстрациите на улица. Се надеваме дека наскоро работата во Парламентот ќе почне со влада со надеж работата со ЕУ ќе продолжи. Наскоро ќе се прават три години откако за последен пат се работеше сериозно.

НОВА

Слушаме многу повици дека треба да се вратиме на европската интеграција, на европскиот пат ако има реформска влада. Некои извори велат дека Федерика Могерини му ветила на Заев брзо започнување на преговорите за членство. Но знаеме исто така дека Македонија не може да почне преговори поради грчкото вето. Каде е вистината?

Флекенштајн:

Луѓето во Македонија имаат право да бараат од нас повеќе да туркаме кон решение за името. Двете страни треба да направат чекор но мора да биде многу јасно дека не само Македонија, чие што име официјално не можам да го кажам во оваа зграда…

НОВА

Туку и Грција…

Флекенштајн:

За да се почнат преговори треба да има заедничко разбирање. Далеку сме од членство во ЕУ но дотогаш тој проблем треба да биде решен. Во тоа сум сигурен. Многу беше направено пред кризата но Советот на ЕУ и Комисијата не треба да чекаат толку долго за старт на преговори. Ако има легално избрана влада ние треба прво да се продолжи со реформите и второ, да се почнат преговорите.

НОВА

Дали тоа значи отворање на поглавијата 23 и 24?

Флекенштајн:

Тешко е да се каже кои поглавија треба прво да се отворат но јас сугерирам дека тоа се двете поглавија што треба прво да се отворат.

НОВА
Некои извори велат исто така дека треба да се воведат санкции за некои лица. Што е точно?

Флекенштајн:

Слушнав и јас за тоа. Се работи за дебата помеѓу некои луѓе но нема одлука тоа да се направи. Јас би бил внимателен за вакви мерки. Би се обидел да најдам друго решение. Но не можете да барате европски пари ако барем не се обидете да ги следите европските вредности.

НОВА

Мислите ли дека некои политичари во Македонија стравуваат од истрагите на Специјалното обвинителство?

Флекенштајн:

Да.

НОВА

Кој?

Флекенштајн:

Не знам. Така чув. Не сакам да разговарам за посебни лица затоа што на крајот, партијата е таа која одлучува што да прави иако има силен лидер и кај ВМРО и кај социјалистите. Но мислам дека ситуацијата е тешка за некои лица.

НОВА

Што мислите за надежите на ВМРО-ДПМНЕ дека Доналд Трамп новата американска администрација ќе ги спасат Балканот и Македонија од западно мешање во нивната политика?

Флекенштајн:

Јас дури не можам да ја разберам таа надеж. Што треба тој да направи? Да ги отпушти сите министри, да каже дека не е за деморатија и владеење на правото? Сите кој така мислат лошо го разбираат претседателот. Претседателот има карактер, го кажува тоа што навистина го мисли и јас тоа го ценам иако не се согласувам со се што кажува. Но не можам да кажам дека тој е човек кој не се грижи за демократија и владеење на правото. Каде сака да ја води земјата ако не во ЕУ? Како 52 или 53 земја на САД или во убава иднина со Москва? Веројатно не. Тоа е убава бајка за луѓето но нема врска со реалноста.

НОВА
Но тие луѓе се охрабрени од изјавите на Трамп за брегзит и распадот на ЕУ и други земји кои ќе излеугуваат од ЕУ.

Флекенштајн:

Тие луѓе треба да разберат дека има разлика помеѓу Велика Британија и Македонија. Првата е голема економска сила. Се разбира секогаш е полесно за земји кои не се во ЕУ да прават прават договори едни со други. Ќе помине време додека Македонија стане толку силна како Велика Британија. Тоа не е пораката на Вашингтон.



Comments are closed.