Од:

Формула 1: Хамилтон прв тргна и прв заврши во Шпанија

Фото: formula1.com

Луис Хамилтон триумфира во трката за ГН на Шпанија што попладнево се возеше на патеката Каталуња. До втората победа во сезоната, 58 во кариерата во која има и 108 подиуми, стигна со време од 1:35:56,497 часа.

Второто место го освои Себастијан Фетел од Ферари, трет низа целта мина Даниел Рикардо од Ред Бул. Одличен настап крај Барселона имаа пилотите на Форс Индија, Серхио Перез и Естебан Окон со пласман на четвртата, односно, петтата позиција. Шести беше пилотот на Рено, Нико Хулкенберг пред Карлос Сајнц јуниор од Торо Росо.

Фото: formula1.com

Со пласманот на осмото место, Пасквал Верлејн ги запиша првите бодови за Заубер во 2017 година, а топ 10 го комплетираа Данил Квјат (Торо Росо) и Роман Грожан од Хас.

Кими Раиконен и Макс Ферстапен ја завршија трката уште во првиот круг, а Валтери Ботас се повлеќе во 38. поради дефект на моторот.

Фетел успеа да излезе пред Хамилтон на стартот и ја предводеше трката до 44 круг во кој Хамилтон, благодарение на добрата тимска, го заобиколи Германецот и не дозволи да биде загрозен до крајот.

Наредната трка во Формула 1 шампионатот е за ГН на Монте Карло на 28 мај.

Резултати од трката за ГН на Шпанија

Луис Хамилтон (В. Британија/Мерцедес) 1:35:56,497 часа

Себастијан Фетел (Германија/Ферари) +3,490 сек.

Даниел Рикардо (Австралија/Ред Бул) +75,820 сек.

Серхио Перез (Мексико/Форс Индија) +1 круг

Естебан Окон (Франција/Форс Индија) +1 круг

Нико Хулкенберг (Германија/Рено) +1 круг

Карлос Сајнц Јр. (Шпанија/Торо Росо) +1 круг

Пасквал Верлејн (Германија/Заубер) +1 круг

Данил Квјат (Русија/Торо Росо) +1 круг

Роман Грожан (Франција/Хас) +1 круг

Трката не ја завршија: Кими Раиконен, Валтери Ботас, Макс Ферстапен и Стофел Вандорн

Генерален пласман кај возачи

Себастијан Фетел 104 бода

Луис Хамилтон 98

Валтери Ботас 63

Кими Раиконен 49

Даниел Рикардо 37

Макс Ферстапен 35

Серхио Перез 34

Естебан Окон 19

Фелипе Маса 18

Карлос Сајнц Јр. 17, итн.

Генерален пласман кај конструктори

Мерцедес 161 бод

Ферари 153

Ред Бул 72

Форс Индија 53

Торо Росо 21

Вилијамс Мерцедес 18

Рено 14

Хас 9

Заубер 4

Мекларен Хонда 0