Од:

(ФОТО) Грујовски болен за СЈО, но здрав за ракомет

Од рочиштата во Суд секогаш отсутвува оправдано – со документ од доктор дека е болен. Судницата никогаш досега не го виде Горан Грујовски, началник во УБК  и првообвинет во случајот „Тврдина 2“ за уништување на документацијата поврзана  со прислушувањето. Судењето требаше да почне во ноември, но постојано се одложува бидејќи Грујовски секогаш има боледување издадено од лекар.

Според она што одбраната денеска го приложи во Судот, Грујовски добил боледување на 24 април 2017. НОВАТВ дојде до фотографии од Грујовски од 27 април на кои што тој со пријатели навива на наптпреварот „Вардар – Фленсбург“ во спортскиот центар „Јане Сандански“. Фотографиите ги испрати извор од полицијата којшто случајно се нашол на истиот натпревар со началникот Грујовски. Обвинителот Трајче Пеливанов денеска по излегувањето од судница рече дека тие се сомневаат во болеста на Грујовски и ќе бараат проверка на документацијата. Тој спомена дека првообвинетиот бил забележан во МВР деновиве.

НОВАТВ дознава дека Грујовски бил во дворот на полицијата и на денот на немирите во Собранието. Новото боледување на Грујовски за првпат е изадено од нов лекар. Досега неговите боледувања ги издаваше сопругата на еден пратеник која што е психолог по професија. Истиот пратеник според извори на НОВАТВ во истрагата бил забележан и како ги отвора вратите за влез на насилниците во Собранието.

 



Comments are closed.