Од:

Фото на денот: Дрвосеча во Центар

Сечењето на дрвата во Центар продолжува. Денеска работниците го расчистуваат теренот на улица „Македонија“ каде утринава се исечени два костени.

Од Град Скопје велат дека дрвата се исечени, бидејќи биле во фаза на сушење.

„Станува збор за сечење на 2 костени, бидејќи стеблата биле заболени и во фаза на сушење“, се огласи на социјалната мрежа Твитер од Град Скопје, на прашање од твитерџиите.