Од:

(ФОТО) Напаѓачите во бегство откако ја претепаа екипата на А1он

Снимателот на порталот А1он Владимир Желчевски вечерва заврши во Ургентниот центар откако тој и новинарот Алекдандар Тодевски беа нападнати на протестот за заедничка Македонија кој што е неформално поддржан од членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ.

Главниот и одгоорен уредник Предраг Петровиќ за НОВАТВ ја потврди информација. Желчевски има повреди на главата, а учесиците на протестот кои ги нападнале ја уништиле и камерата на А1он.

Двајца од напаѓачите бегаат кон Градскиот трговски центар веднаш по нападот

Владимир Желчевски во возилото на Итната помош пред да биде однесен во Ургентниот центар

Си снимаа мирно. И тогаш насобраните од протестот почнаа да фрлаат пари со албански знамиња кои треба да претставуваат некаков симболичен декор на нивниот протест. Тогаш снимателот ја крена камерата и си снимаше кога група од некои четворица лица ги нападна. Ги маваа многу силно со тупаници. Камерата е искрешна целосно, а снимателот со Брза помош го однеса во болница. Навистина силно удираа, а ги нападнаа од позади грб, не можеа да реагираат и веднаш беа фрлени на земја. Кога се приближи полицијата тие избегаа кон ГТЦ, раскажува очевидец за НОВАТВ.