Од:

ВИДЕО: Страшен шумски пожар во Португалија, загинаа најмалку 62 лица

Во огромниот шумски пожар во Португалија загинаа најмалку 62 лица а 54 се повредени.

Пожарот изби во центарот на Португалија.

Денес попладне пожарот продолжува да се шири во 4 жаришта а во 2 пожарот гори со голема силина. Околу 900 пожарникари и 300 пожарни коли се борат со огнот. Пожарот е еден од најубиствените во новата историја на земјата.

Според агенциите, на брдата помеѓу Педрогао Гранде, Фигеиро до Вињос и Кастањера де Пера целата вегетација е изгорена и брдата се голи. На двете страни на автопатот на должина 20 км се крева огромен бел чад кој стои врз голите стебла на дрвата.

Пред неколку напуштени и оштетени куќи се гледаат изгорени автомобили а полицијата е со заштитни маски. Новинарите на теренот виделе и починат човек чие тело е прекриено со бел чаршаф.

“За несреќа, ова е без сомнение најголемата трагедија на шумски пожари што сме ја доживеале во последните години”, покажувајќи ги своите емоции изјави премиерот Антонио Коста.

Според државниот секретар за внатрешни работу Хорхе Гомез, 18 лица починале во нивните автомобили, фатени во стапицата на огнот додека возеле на патот помеѓу Фигеиро до Вињос и Кастањера де Пера.

“Тешко е да се каже дали бегале од огнените јазици или биле изненадени од огнот”, изјави тој.

Според премиерот, причина за пожарот можеби се сувите грмотевици кои не донеле дожд а температурата во Португалија надминува 40 степени.



Comments are closed.