Од:

(ФОТОГАЛЕРИЈА) ГТЦ во прегратка на граѓаните непосредно пред референдумот

Со вечерашното гушкање на Градскиот трговски центар во Скопје, иницијативата „ГоСакамГТЦ“ ја завршува кампањата пред референдумот кој ќе се одржи на 26 април.

Граѓаните на општина Центар за првпат во историјата ќе имаат можност на локалниот референдум во недела да се изјаснат на прашањето „Дали сте за тоа да се задржи сегашниот изглед на фасадата на Градскиот Трговски Центар во Скопје?“

На вечерашниот настан стотици граѓани фатени рака за рака симболично го гушнаа трговскиот центар, а настанот беше збогатен и со музичка програма.

Иницијативата доаѓа откако се најави идејно решение, трговскиот центар да добие барокна фасада.

Во продолжение, погледнете ги фотографиите од гушкањето на ГТЦ.



Comments are closed.