Од:

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Студентски час по автономија на УКИМ

Со прогласување на автономна зона, илјадници студенти денеска ги напуштија предавањата и ги окупираа сите факултети на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во знак на револт кон владините реформи во високо образование и со барање на нов закон кој дирекно ќе ги вклучи и студентите во изготвување.

Студентите вечерва ќе преноќат на филозофскиот факултет, а најавија и алтернативна настава, како и културни настани. Студентската контрола врз Универзитетот ја поддржа и професорскиот пленум. Во продолжение погледнете ја фотогалеријата на НОВА.