Од:

Франција ќе ја одликува Илинка Митрева со орден Офицер

Foreign Minister of the Former Yugoslav Republic of Macedonia (1), Mrs. Ilinka Mitreva arriving at NATO headquarters

Амбасадорот на Република Франција, Кристијан Tимоние, во име на претседателот на Република Франција, вечерва ќе ја одликува госпоѓа Илинка Митрева со орден Офицер на Националниот ред за заслуги.

„Госпоѓата Илинка Митрева, професор по француска книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје и поранешен министер за надворешни работи, го добива ова значајно француско одликување за нејзините особени заслуги во развојот на односите меѓу Македонија и Франција, во приближувањето на францускиот јазик и книжевност кај младите генерации. Високо се вреднува и нејзиниот ангажман во промовирањето на Франкофонијата и на европските вредности во Македонија“, соопшти амбасадата.

Орденот за Национални заслуги на Франција, воспоставен во 1963 година од страна на генералот Де Гол, е едно од најпрестижните француски одликувања. Со него се наградуваат воени или цивилни лица, Французи или странци, коишто имаат особени заслуги за Република Франција. Одликувањето се доделува со указ на претседателот на државата.