Од:

Француската влада со студија за еколошка станица за отпадни води

Француската влада, како дел од својата билатерална политика за соработка со Македонија, финансираше студија за изградба на пречистителна станица за отпадни води за град Скопје, во вкупен износ од околу 700.000 евра.

Комплетниот документ, во којшто се содржани физибилити студијата, студијата за влијанието врз животната средина и анализата на параметрите цена – корист на понудените опции, вчера беше предаден од страна на амбасадорот на Франција, Н.Е. господинот Кристиан Тимоние на претставниците на град Скопје и на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Документот ги содржи најдобрите можни опции за развој на проект од таков тип, од технолошки, еколошки и финансиски аспект. Презентацијата е дело на француските консултанти од групацијата ЕЖИС, во присуство на претставници на Делегацијата на Европската Унија во Скопје и потенцијалните финансиски донатори (Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка, Светска банка), како и на вклучените македонски институции: Град Скопје, Министерството за животна средина и просторно планирање, Секретаријатот за европски прашања, Министерството за економија, Водовод и канализација…

            “Оваа поддршка на Македонија преку еден типичен проект од областа на животната средина, ја илустрира континуираната француска поддршка на реформите за напредокот на земјата, вклучително и на животната средина, за усвојување на европските стандарди во оваа област”, наведува Амбасадата на Република Франција.

 

Во 2014 година, на заеднички предлог на градоначалникот на Скопје и на министерот за животна средина и просторно планирање, ЕЖИС почна со изработка на обемна  физибилити студија финансирана од Франција (во износ од околу 700.000€ – седумстотини илјади евра) за изградба на станица за третман на отпадни води во Скопје, изјави амбасадорот Тимоније, кој го образложи целиот проект.

ЕЖИС е една од водечките градежни компании во Франција. Вработува 13.000 луѓе низ целиот свет, од кои 4.500 во странство, во рамките на нивниот оддел за градежништво. Нивните капацитети во областа на животната средина се признаени, особено кога се работи за третманот на водата и урбанизмот. Нивните реализации ги опфаќаат пречистителните станици во Катар, Доха, или пак регионалната главна мрежа на источниот регион на Бугарија, а имаат искуство и во преку педесет други инвестиции во областа на изработката или управувањето со ваков тип на проекти во светот.

Студијата има зацртано да постигне пет клучни цели:

  • Третман на водаташто се испушта во реката Вардар по течението низ Скопје
  • Предлог за одржливапречистителна станица во согласност со европските директиви од оваа област
  • Обезбедување на највисоко ниво според постојната технологија (BAT, Best Available Technologies) на целиот синџир на обработка, вклучувајќи го и нивото на обновување на енергијата
  • Во цената формирана во зависност од оваа инвестиција за жителите на главниот град, да се почитуваатможностите за придонес на граѓаните на Скопје кон формирањето на цената на водата
  • Се предлага обемен финансиски модел за да се овозможи негово финансирање од меѓународни донатори

Во поглед на билатералните односи помеѓу Франција и Македонија, сметам дека овој проект емногу важен. Се надевам дека тој ќе овозможи да ги споделиме нашите најнапредни искуства со македонските кадри од областа на технологијата и дека овој проект ќего отвори патот кон партнерства, како на пример, во областа на обуката, имајќи во предвид дека станува збор за софистицирана фабрика закоја се потребнистручни квалификации.

Во главниот град Скопје, проектот има за цел да ја зајакне неговатаатрактивностпреку намалување на ризиците од загадување и со подобрување на севкупната чистота на градот, што пак е во полза на сите негови жители.

Се надеваме дека трите студии (физибилити студијата, студијата за влијанието врз животната средина и финансискатастудија) коишто Ви ги предавам денес, ќе овозможат меѓународните донатори на претстојната донаторска средбада се заинтересираатза овој проект.

Затоа, планираме наскоро да ви понудиме нов протокол (MoU) со којштоќе се олесни спроведувањето на релевантната техничка помош за подготовката и следењето на средбата на донаторите, како и подготовката на идните јавни набавки, изјави амбасадорот на Франција, Тимоние.

Фото: МИА