Од:

Француски културен центар за Меѓународниот ден на женските права

Францускиот институт во Скопје се приклучува кон одбележувањето на Меѓународниот ден на женските права со настанот “50 портрети на жени во Македонија посветени на промоцијата на женските права”, којшто ќе се одржи утревечер, 8-ми март 2017, од 18 до 20 часот, во Францускиот институт во Скопје.

– Целта на настанот е да ги покани жените кои преку нивните постојани активности, секоја во своето поле на делување, придонесуваат за родова еднаквост и за унапредување на правата на жените во Македонија, се вели во соопштението.

Во најавата се вели дека утревечер ќе бидат присутни жени од најразлични сфери на делување, кои ќе одговорат на прашањето „На кој начин во вашето секојдневие ги застапувате женските права?’. Воедно ќе им биде направен портрет од страна на фотографот Милан Стрезовски.

Потоа највпечатливите 50 портрети ќе бидат изложени во Францускиот институт во Скопје и ќе бидат поставени на ФБ страната на Францускиот институт во Скопје.