Од:

Фудбал: Асенсио е петти играч со хет-трик на младинските ЕП

Фото: uefa.com

Марко Асенсио е потписник на петтиот хет-трик во историјата на Европските првенства за фудбалери до 21 година. Офанзивниот играч за врска на мадридски Реал го забележа во убедливата победа на Шпанија против Македонија (5:0) на турнирот во Полска.

И тој, како и за „црвено-жолтите“, за првпат настапува на младинско ЕП што засекогаш ќе остане во неговите спомени. Постигна три гола, а реализаторски ефект во кариерата имаше и при дебитантските настапи во шампионската Лига на УЕФА, на европскиот Суперкуп, во шпанска Примера и во Копа дел Реј.

„Тој е пример за сите нас како фудбалер кој доаѓа од сениорскиот национален тим и како играч кој доаѓа од Лигата на шампиони. Покажа мотивација и благословени сме што го имаме неговиот фудбалски и човечки квалитет“, рече Алберт Селадес, селектор на младата репрезентација на Шпанија, по дуелот со Македонија.

Три и повеќе голови во еден меч на ЕП за фудбалери до 21 година, пред Асенсио, постигнаа уште четворица играчи. Првиот е Гркот Арис Карасавиди во првиот полуфинален меч (5:0) против Холандија на ЕП 1988. Вториот е Швеѓанецот Маркус Берг во победата на Шведска над Белорусија (5:1) во групната фаза на ЕП 2009. Таков подвиг стои и крај Шпанецот Тиаго Алкантара во триумфот на „црвената фурија“ против Италија (4:2) во финалето на ЕП 2013 и, конечно, Јан Климент во победата на Чешка против Србија (4:0) во рамки на групите на ЕП 2015