Од:

Фудбал, ЛЕ: Борусија М. ја покори Фиренца, Лион без милост со Алкмар

Фото: uefa.com

Фиорентина имаше 1:0 од гостувањето во германската покраина Северна Рајна Вестфалија и водство со 2:0 на „Артемио Франки“, но Борусија Менхенгладбах е екипата што ќе игра во осминафинале во Лига Европа. Бундеслигашот со неверојатен пресврт во второто полувреме ги совладаа „виолетовите“ со 4:2 и ќе очекуваат противник на ждрепката во Нион закажана за петок (24 февруари).

Никола Калиниќ во 16 минута и Борха Валеро во 29 минута ги постигнаа головите за Фиорентина. Но, тука не беше крај во Фиренца. Возбудувања какви никој не помислуваше, најмалку домашните навивачи, допрва следуваа.

Гостите од Германија до паузата намалија на 2:1 преку Стиндл во 44 минута, а истиот играч во 47 минута израмни на 2:2. Хет-трик комплетира во 55 минута додека Кристенсен во 60 минута постигна и четврти гол за Борусија Менхенгладбах што значеше и елиминација на калчолигашот кој во последните 30 минути не успеа до трет гол.

Импресивна партија на Олимпик Л. Францускиот претставник во голем стил се пласира меѓу 16-те најдобри со вкупни 11:2 против АЗ. По триумфот со 4:1 во првиот меч во Холандија, тимот од Лион вечерва славеше со 7:1 на ривалот од Алкмар.

Тотенхем е елиминиран од натамошните настапи во Лига Европа по ремито (2:2) на домашен терен против Гент. Белгијците победија во првиот натпревар со 1:0.

Лига Европа

Шеснаесетфинале, реванш средби

Шахтјт Доњецк – Селта 0:1 (прв меч 1:0) – по продолженија 0:2

Тотенхем – Гент 2:2 (0:1)

Спарта Прага – Ростов 1:1 (0:4)

Олимпик Лион – АЗ Алкмар 7:1 (4:1)

Генк – Астра 1:0 (2:2)

Фиорентина – Борусија Менхенгладбах 2:4 (1:0)

Копенхаген – Лудогорец 0:0 (2:1)

Зенит – Андерлехт 3:1 (0:2)

Бешикташ – Хапоел Бер Шева 2:1 (3:1)

Рома – Вилјареал 0:1 (4:0)

АПОЕЛ – Атлетик Билбао 2:0 (2:3)

Ајакс – Легија Варшава 1:0 (0:0)

Османлиспор – Олимпијакос 0:3 (0:0)

Шалке 04 – ПАОК 1:1 (3:0)

Сент Етјен – Манчестер јунајтед 0:1 (0:3)

Фенербахче – Краснодар 1:1 (0:1)