Од:

„Фудбал Ликс“: Сомнежи за Роналдо, Мурињо и Езил дека затајувале данок

Фото: ronaldo7.net

Фудбалскиот свет е на праг на голем скандал. Документи од истражувањето на 12 европски весници насловено како „Фудбал Ликс“ упатуваат дека Кристијано Роналдо, Жозе Мурињо би можеле да бидат вклучени во истрага за затајување на данок и перење пари.

Според тврдења на германски „Шпигел“, првата звезда на „кралскиот“ клуб би можел да има „сокриено 150 милиони евра на сметки во Швајцарија и на Британските Девствени Острови“. Весниците најавија дека планираат во наредните три недели да објават детаљи за, наводно, широко распространета корупција. Под наслов „Шампиони на парите“, весникот открива дека аферата „Фудбал Ликс“, покрај капитенот на селекцијата на Португалија, го опфаќа и германскиот репрезентативец Месут Езил.

Насловна Шпигел

Весниците истакнуваат дека во целата работа би можел да биде вмешан и Жорже Мендес, заеднички менаџер на фудбалерот и тренерот. Од „Гестифјут“, компанија на застапникот на Роналдо и Мурињо, се јавија со реакција во која се тврди дека нејзините клиенти „ги почитуваат во целост обврските кон шпанските и британските власти“.

„Кристијано Роналдо и Мурињо никогаш не биле вклучени во правни постапки во врска со извршување на даночни прекршоци. Секоја инсинуација или обвинување на Роналдо и Мурињо во врска со такво нешто ќе биде пријавена кај правосудните органи и процесуирана“ се вели, меѓудругото, во соопштението на „Гестифјут“.