Од:

Фудбал, ЛШ: Барса се прости без испукан куршум, Јуве, сепак, не е ПСЖ

Во право беше Леонардо Бонучи кога пред првиот дуел во Барселона во четврт-финалето во Лигата на шампиони (ЛШ) рече дека „Јувентус не е ПСЖ“. По реваншот на „Камп Ноу“ се потврди дека италијанскиот репрезентативец ниту „летал“ во облаци ниту провоцирал. Ако Каталонците успеаја да направат чудо против францускиот тим во осминафинале, ќе беше премногу ако го повтореа и сега, па и со Меси, Нејмар и Суарез во составот.

Барселона тргна во лов на оние 0:3 од Торино, но не беше ни блиску до пленот. Алегри постави одлична тактика која не наликуваше на одбранбена. „Црно-белите“ ја задушија играта на противникот, а притоа создадоа и по некоја прилика за гол што, за жал, не видовме. Лидерот во Серија А ја прекина низата од 15 победи на Каталонците на домашен терен во ЛШ, во осум од нив постигнаа најмалку три гола меѓутоа во 180 минути со Јувентус не дочекаа ниту еден.

Вечерва, за разлика од синоќа, на конечнот исход одлучуваа исклучиво фудбалерите. Холандскиот судија не беше пресуден фактор како неговиот унгарски колега Касаи, дозволи цврста игра и, речиси, да не донесе ниту една погрешна одлука што би била на штета на некоја од екипите.

Фото: tuttosport.it

Пласман во полуфиналето обезбеди и Монако. По победата на „Вестфален“ со 3:2, францускиот тим ја совлада Борусија Дортмунд и на својот „Луј Втори“ со 3:1. Мбапе во 3 минута, Фалкао во 17 минута и Жермен во 81. беа стрелци за домашните, Ројс во 48 минута го постигна почесниот за гостите од Германија.

Дел од големата четворка од вчера се и мадридските клубови Реал и Атлетико. „Кралевите“ го елиминираа Баерн Минхен по продолженија, тимот од „Висенте Калдерон“ беше подобар во двомечот со Лесте. 3:1.

Лига на шампиони

Барселона – Јувентус 0:0 (прв меч 0:3)

Монако – Борусија Д. 3:1 (3:2)