Од:

Фудбал: Мадридско дерби во полуфиналето на Лига на Шампиони

Реал Мадрид против Атлетико Мадрид, Јувентус против Монако – ова се двојките за во полуфиналето на Лигата на Шампионите. Мадридското дерби е реплика на минатогодишното финале во кое Реал го победи Атлетико на пенали.

Првиот натпревар ќе се игра на Сантиаго Бернабеу, а повратниот меч ќе биде на Висенте Калдерон стадионот.

На „Старата дама“ и падна француски Монако, кој е најпријатното изненадување во Лигата на Шампионите.

Јувентус, последната титула во најсилното европско клупско натпреварување ја освои во 1996 година, а последен пат со Монако играше во 2014-2015 кога го елиминираше на пат  до финалето со Барселона.

Лига Европа

Во второто по ранг европско клупско натпреварување, во Лига Европа каде победникот директно се пласира во Лигата на Шампионите за следната сезона, англискиот гигант Манчестер Јунајтед, во полуфиналето прво ќе треба да ја мине Селта Виго доколку сака да игра во финалето.

Другата полуфинална двојка е Лион – Ајакс.

За Македонија оваа вест е значајна бидејќи на Филип Втори арената ќе се игра Суперкупот, односно шампионот од Лига на Шампиони и Лига Европа, што значи во Скопје ќе гостуваат атрактивни екипи.