Од:

Фудбал: Осми гол на Ејупи за Осиек

Музафер Ејупи постигна еден од двата гола за Осиек во ремито (2:2) кај Интер Запрешиќ во 20. коло во хрватскиот шампионат, последно за есенскиот дел од сезоната. Македонскиот интернационалец се запиша во листата на стрелци во 28 минута за, во тој момент, водство на неговата екипа со 1:0. Тој беше дел од стартната постава и одигра цел натпревар како и Милован Петровиќ.

Осиек е трета на табелата со 38 бода, пет помалку од Динамо Загреб на второто место и 11 од лидерот Хајдук. Ејупи ја почна сезона со погодок против Хајдук по што следуваа два против Славен Белупо, два против Истра 1961 и по еден со Цибалија и во првиот меч со тимот од Запрешиќ што го прават трет стрелец во Хрватска. Еден гол повеќе од него имаат Пуљиќ од Интер Запрешиќ и Судани од Динамо Загреб.