Од:

Фудбал (У21): Македонија прокоцка победа во 90 минута на ЕП во Полска

Фото: Twitter

Македонија и Србија одиграа 2:2 во првиот меч од второто коло во групата Б на Европското првенство за играчи до 21 година во Полска.

Србија поведе со голот на Мијат Гачиновиќ во 24 минута на што „црвено-жолтите“ одговорија со пресврт во второто полувреме. Израмни Енис Барди во 64 минута од пенал што го изнуди резервистот Ељиф Елмас, а Никола Ѓорѓев, кој исто така почна од клупата, биеше неодбранливо во 83 минута за водство на македонските фудбалери.

Конечната радост, сепак, ја одзеде Урош Ѓурѓевиќ во 90 минута. Србија во втората минута го затресе и десниот дирек од голот на Алексовски пришто изостана реализација.

Вечерва (20,45 ч.) во групата Б, во Гдиња, ќе играат Шпанија и Португалија.