Од:

ФУДБАЛ У21 Милевски: Нема опуштање, нема однапред добиени мечеви

Селекторот на младата репрезентација ги објави списокот за дуелот со Шкотска во Скопје во квалификациите за ЕП 2017 Благоја Милевски, селектор на младата фудбалска репрезентација на Македонија, го откри адутите за дуелот со Шкотска во квалификациите за Европското првенство во 2017 година. Надежите се лидери во третата група и со победа на 11 октомври (18.45 ч., национална арена „Филип Втори“ ) ќе завршат најмалку како втори што же значи бараж, а во зависност од резултатите на Исланѓаните (имаат меч помалку) на крајот може да останат на првото место што значи директен пласман на турнирот во Полска.

„Ако не бевме на ниво во досегашните девет меча, тогаш овој што претстои немаше ништо да менува. Затоа сметам дека овој што се следува не е најважен туку сите 10 се подеднакво важни“, вели Милевски.

Македонија е пред историска шанса да има свој претставник на континентален турнир во било која возрасна категорија. Трите бода ќе значат дофат на целта, па ситуацијата сама по себе е доволен мотив за неговите избраници да истраат во уште 90 минути. Селекторот не го залажува и фактот што Шкотска доаѓа на реванш во Скопје со само пет играчи од првата средба во Единбург на почетокот на овој месец.

„Седум фудбалери во шкотскиот состав се прекомандувани од селекцијата до 19 години. Но, тоа не смее да нè опушти дека ќе биде лесно, не смееме да се доведеме во заблуда дека мечот е однапред добиен. Тие се членови на екипи како Челзи, Рединг, Њукасл, Глазгов Ренџерс, Селтик. Ќе мора да одиграме подобро од гостувањето во Шкотска ако сакаме да се радуваме и во Скопје“, дополни кормиларот на македонската млада репрезентација.

Список на Македонија (У21) за дуелот со Шкотска во квалификациите за ЕП 2017 Голмани: Игор Алексовски (Вардар), Дамјан Шишковски (Работнички) Одбрана: Ѓоко Зајков (Шарлроа/Белгија), Дарко Велковски (Вардар), Висар Мислиу (Ренова), Алекса Амановиќ (Јавор/Србија), Мевљан Мурати (Шкендија), Егзон Бејтулаи (Шкендија), Бесир Демири (Шкендија), Кристијан Тошевски (Пелистер) Среден ред: Бобан Николов (Вардар), Енис Барди (Ујпешт/Унгарија), Давид Бабунски (Црвена звезда/Србија), Даниел Аврамовски (Црвена звезда/Србија), Кристијан Филиповски (Силекс), Тихомир Костадинов (Злате Миравце/Словачка) Напад: Марјан Радески (Шкендија), Виктор Ангелов (Ујпешт/Унгарија), Кире Маркоски (Работнички), Петар Петковски (Вардар), Ремзифаик Селмани (Ренова), Јован Попзлатанов (Пелистер).