Од:

Фудбал: Уго Ехиогу колабира на тренинг на У23 тимот на Тотенхем

Немила сцена се случи за време на денешниот тренинг на У23 тимот на Тотенхем. Колабира тренерот Уго Ехиогу (44) кој веднаш беше префрлен во болница во Лондон, а медиумите пренесуваат дека поранешниот англиски репрезентативец доживеал срцев удар.

„Сите во клубот го посакуваме најдоброто за Уго у неговото семејство“, се наведува во соопштението на „спарси“.

Ехиогу е во дел од стручниот штаб во клубот од „Вајт Харт Лејн“ од 2014 година. Моментно работи и како тренер на екипата за фудбалери до 23 години. Најголем дел од фудбалската кариера (1991-2001 година) ја мина во Астон Вила, а седум години го носеше дресот и на Мидлсборо. Играше уште за ВБА, за Лидс, Шефилд јунајтед, за Глазгов Ренџерс.

За репрезентацијата на Англија забележа четири настапи во кои постигна и еден гол.