Од:

Фудбалерите на Шапикоенсе тргнаа на „последното патување“

Телата на загинатите фудбалери на бразилскиот клуб Шапикоенсе се на пат кон дома, додека властите на Колумбија, каде во понеделникот се урна авионот, заедно со британските експерти и бразилските власти ја продолжуваат истрагата за тоа што ја предизвикало несреќата во која загинаа 71 патник и членови на екипажот, меѓу кои и најголем број од фудбалерите на овој клуб. Шестмина ја преживејаа несреќата.

Во меѓувреме Боливија ја суспендираа лиценцата на авиокомпанијата ЛаМиа. Во официјалното објаснување стои дека компанијата не ги почитувала стандардите и правилата за меѓународни летови, од кои едното е да обезбеди доволно гориво за летот, со кое може да се лета дополнителни 30 минути по стигнувањето до дестинацијата.

Авионот останал без гориво, спротивно на меѓународните правила

Инспекторите кои во детали го истражиле местото на несреќата на ридот во околината на градот Меделин не пронашле траги од гориво кај остатоците од авионот кои укажуваат на тоа дека падот се случил поради недостаток на гориво.

– Во овој случај, за жал, во авионот немало доволно гориво за да се задоволат прописите за непредвидени ситуации, изјави Фреди Бонила, секретар на безбедност на аеродромот во Колумбија.

Властите на Боливија велат дека ја суспендирале дозволата за работа на ЛаМиа и ја смениле управата на своите воздухопловни власти за да се осигураат дека истрагата ќе биде транспарентна.

kolumbia

Една од снимките објавена од медиумите во Колумбија со последните зборови на боливијскиот пилот Мигел Квитрога укажуваат дека тој ја информирал контролната кула на аеродромот во Меделин дека авионот е во целосен дефект, односно не функционира електорниката и е без гориво.

Тој побарал итна дозвола за да слета и потоа настапила потполна тишина на аудио снимката.

Главниот извршен директор на ЛаМиа, Густаво Варгас, во средата изјави дека авионот бил детално прегледан пред да полета и требало да има доволно гориво за речиси четири ипол часовен лет. Во таква ситуација, пилотот одлучува дали да дополни гориво, вели Варгас.