Од:

Фудбалски скандал во Шведска: Обид за местење на мечот Гетеборг-АИК

Гетеборг и АИК Стокхолм не го одиграа својот меѓусебен меч од деветтото коло во фудбалскиот шампионат на Шведска. Причина за откажување на средбата, според локални официјални лица, е обид за местење на резултатот.

Од шведскиот фудбалски сојуз тврдат дека на член на АИК во вторникот му била понудена голема сума на пари да „помогне за пораз на неговата екипа“.

„Ова е многу сериозен напад на фудбалот во Шведска. Никогаш нема да дозволиме да се случи такво нешто“, е ставот на Хака Стјостранд, генерален секретар на фудбалскиот сојуз на Шведска.

Натпреварот беше закажан за попладнево во 19 часот. Гетеборг има 18 шампионски титули во Шведска додека АИК го освојуваше националното првенство во 11 сезони.