Од:

Германија предлага дополнителен фонд за Западен Балкан – Берлин плус

Германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел се заложи за воспоставување дополнителен фонд за инфраструктурни проекти на Западен Балкан, истакнувајќи дека Брисел треба повеќе да се ангажира и да инвестира во овој регион.

Новиот план за Западен Балкан – агенда “Берлин плус”, би бил дополнителен поттик со цел регионот да се направи атрактивна економска средина и локалното население да добие видлив напредок.

Тој во излагањето на Осмата конференција на министрите за надворешни работи од југоисточна Европа „Аспен Институтот за економски и политички развој на регионот“, исто така, укажа на значењето на засилувањето на регионалната соработка и изрази задоволство од позитивната динамика што ја создаде Берлинскиот процес, додавајќи дека треба да се интензивира.

Тој рече дека ја поддржува и економската интеграција на Западен Балкан, која ќе биде темелена на европските стандарди и со тоа ја олесни интеграцијата во ЕУ.

Како донатори на фондот, како што наведе, свој придонес може да дадат земјите членки на  ЕУ, Европската аспоцијација за слободна трговија (ЕФТА) и Европскиот економски простор, се објави на сајтот на германското Министерство за надворешни работи.



Comments are closed.