Од:

Германска стратегија за Балканот поради македонската криза

Политичката криза во Македонија ја натера Германија да игра позначајна улога на Балканот, пишува српскиот весник Данас повикувајќи се на анонимен дипломатски извор во Германија.

Германија досега не играла активна политика кон Балканот и време е да почне со активен пристап. А тоа значи дека Берлин почнал да подготвува стратегија за Балканот која ќе биде објавена по состанокот на министрите за надворешни работи на регионот.

Оваа министерската средба треба да се одржи во Берлин.

Но, основната причина за оваа акција на Берлин е кризата во Македонија. Пристапот на Германија е сменет откако на чело на германската дипломатија дојде Зигмар Габриел, лидер на социјал-демократите и откако европратеникот од Германија Кнут Флекенштајн стана еден од тројцата медијатори за Македонија. Габриел деновиве ги посети Србија и Албанија па овие посети се дел од подготовката за германската стратегија за Балканот.

Фактот што во германската влада има коалиција помеѓу социјал-демократите и конзервативците на Ангела Меркел е добра работа која покажува дека политиката кон Балканот е хармонизирана.