Од:

Гласањето заврши, излезноста не носи изненадувања, се чека на ДИК

Иако Државната изборна комисија се уште не ги соопштила податоците за вкупната излезност на изборниот ден во Теарце каде што денеска имаше прегласување, набљудувачите од невладината организација ЦИВИЛ велат дека бројките се речиси исти (со плус-мунис неколку гласачи разлика) како минатиот 11 декември кога на гласање излегоа 404 гласачи од вкупно 714 запишани избирачи.

Иако гласачкото ливче остана исто со сите 11 кандидатски, сепак, владејачката партија јавно порача дека нема да учествува во прегласувањето. Прегласувањето во Теарце можеше да го смени исходот на овие избори и да донесе мандат за СДСМ, доколку 90 проценти од овие гласови отидат за опозицијата или за СДСМ да освои пратеник потребно е да направи разлика од 304 гласа повеќе од ВМРО-ДПМНЕ.

Вчера МВР соопшти дека на жители им се нуделе од 100 до 500 евра поткуп за да не излезат на гласање.

Причината за поништување на гласањето беше жалбата на СДСМ дека од кочанот со избирачки ливчиња недостига едно ливче, а исто потоа беше пронајдено во избирачката кутија. Од избирачкиот материјал недостигаше и образецот број 15.