Од:

Ѓоковиќ на само четири турнири во првите три месеци во 2017 година

Фото: eurosport.com

Новак Ѓоковиќ ќе настапи на само четири турнири во првото тримесечје во 2017 година. Српскиот тенисер го одреди планот за почетокот на новата сезона во кој не влегува турнирот во Дубаи ниту Дејвис купот (3-5 февруари).

Вториот светски рекет за оваа година во новата ќе тргне на 2 јануари од Доха што ќе биде единствено натпреварувачко загревање за него за Австралија опен (16-29 јануари). По гренслемот во Мелбурн парк, Ѓоковиќ ќе направи пауза од 40 дена до Мастерсот во Индијан Велс на 9 март.

Тенискиот карван според календарот, по Калифорнија, се сели во Мајами на вториот Мастерс во годината. На сите овие турнири Ѓоковиќ ќе заигра како бранител на титулите што во превод значи и одбрана на 4.500 поени.

Априлска турнирска агенда опфаќа Мастерс во Монте Карло, АТП турнир од серијата 500 во Барселона, но распоредот што го објави Ѓоковиќ не упатува каде ќе се појави по учеството на Флорида.

Турнири на кои ќе учествува Ѓоковиќ во првите три месеци во 2017 година

2-7 јануари (АТП во Доха/серија 250/тврда подлога/награден фонд 1.237,190 милиони долари)

16-29 јануари (Австралија опен/тврда подлога/награден фонд 22.624,000 милиони австралиски долари)

9-19 март (Мастерс во Индијан Велс/серија 1000/тврда подлога/награден фонд 6.993,450 милиони долари)

23 март-4 април (Мастерс во Мајами/серија 1000/тврда подлога/награден фонд 6.993,450 милиони долари)