Од:

Убиство: Градоначалникот на Боговиње почина откако беше застрелан

Градоначалникот на општина Боговиње Хазби Идризи починал откако денеска бил застрелан од огнено оружје, известуваат од полицијата. Тој утрово околу 10 часот и 45 минути  бил донесен во тетовската болница, но им подлегнал на повредите, сооопштија од болницата.

Според првични информации, екипи на полицијата и јавниот обвинител се организираат за да се изврши увид на самото место.

Имено, убиството го извршил Абази Ќани (1964) од с.Боговиње, кој по настанот се обидел да се самоубие, испукувајќи еден куршум од огнено оружје во пределот на десната слепоочница, по што со возило на ИМП ќе биде пренесен во УЦ-Скопје.



Comments are closed.