Од:

Градоначалниците се жалат дека немаат ингеренции за загадувањето

Четворицата граѓани кои од вторникот одат на разговори кај скопските градоначалници на кафе и разговор за загаденоста, денеска беа кај градоначалникот на најзагадената општината во Скопје, Ивица Коневски.

Како што велат граѓаните, градоначалникот на Аеродром ветил дека ќе биде транспарентен. Тој рекол дека на дневна основа ќе има извештаи што направиле, кај биле, дали пријавиле, дали процесуирале до Министерството за животна средина и просторно планирање, за да може да се следи понатаму и работата на „големите“ инспектори.

„ И тој изрази подготвеност да седне на иста маса со другите градоначалници (сите одеднаш фини некако), со надлежните министри, инспектори и кој уште не што зема плата за ова, заедно со граѓански сектор, експерти за екологија и сл. да направат нешто повеќе од ова што го прават. Не измислуваме топла вода. Некои од мерките што треба да се направат веќе се ставени во студијата за загадувањето. Да, збореше и што досега направиле (засадени дрва, зелени површини и тн.), но колку е тоа битно кога на крај дишеш во просек од 300 ПМ 10 во годината, со тенденција да расте“, информираат тие.

Градоначалниците се жалат  дека немаат контрола и ингеренции за да направат нешто повеќе од ова што го прават сега.

„Никој не знае што работат општинските инспектори. Некни и Коце ни рече дека работат во три смени. Супер. Ама никој не знае што сработиле. Или дали некој утврдил што испуштаат ноќе фабриките. Вакви информации и да има, веројатно ќе најдеш на веб во некој извештај од 2014“, велат граѓаните.

Утре на ред е кафе кај градоначалникот Стевчo Јакимовски.