Од:

Граѓаните ќе можат на „Вајбер“ и „Вац Ап“ да му пишат на Таравари

Министерството за здравство воведе нова телефонска линија за директна комуникација на граѓаните со министерот за здравство,  Арбен Таравари преку мобилните апликации „Вајбер“ и „Вац Ап“.

Овој проект е наречен #ЗдравоТаравари.

Од денеска граѓаните преку електронска порака ќе можат да му пишат на министерот идеја, предлог, пофалба, критика, обид за корупција и нерегуларности со кои се соочиле. Тоа ќе можат да го направат на бројот 071349999.

„Целта на #ЗдравоТаравари е лично да ги слушнам мислењата и искуствата на граѓаните од здравствениот систем, и заеднички да ја смениме перцепцијата за нашето здравство“, вели Таравари.