Од:

Грипот ќе земе поголем интензитет за време на празниците

Нема пријавени смртни случаи поради компликации од грипот годинава, потврдуваат за НОВА од Интситутот за јавно здравје. Во лабораториите на Институтот е докажано дека вирус од тип A/H3 доминира во Македонија. Од пристигнатите 54 примероци, со анализа кај девет од нив е утврдено присуството на овој вирус.

Годинава грипот започна порано, така што епидемиолозите очекуваа голем број на заболени во текот на Новогодишните и Божиќните празници, а ширењето на вирусот ќе продолжи со ист интензитет и во наредните недели.

Изминатата недела од грип заболеле 4,195 лица, додека лани истото време овој број изнесува 109, со што годинава имаме околу 40 пати поголем број на заболени,покажуваат најновните податоци на Институтот за јавно здравје.

Графикон за случаите на сезонски грип, според Институтот за јавно здравје

Најголем број на пријавени се на возраст од 15 до 64 години, но грипот ги погодува и децата кои се уште немаат изградено имунитет, а страдаат поради променливото време и загадувањето на воздухот. Лекарите советуваат да се избегнуваат масовни собири во ова време од годината.

Неделава најголем број на заболени  се регистрирани во Скопје вкупно 728 лица, Велес има пријавено 560 заболени, во Тетово има 529 заболени лица. Највисока инциденца на заболени има на подрачјето на  Свети Николе каде е регистрирано 261 заболено лице, но и во Велес, Кавадарци  и  Неготино каде што инциденцата е 349,4/100.000, што укажува на многу висока активност на вирусот на грип во регионот на Велес. Границата за многу висока активност е надмината и на територијата на Струмица, Кратово и Гостивар. Висока активност се регистрира на територија на  Тетово и Радовиш, а во останатите интензитетот на вирусот е на средно или ниско ниво.

Ниво на активност на грип според инциденца на 100.000 жители во полседната недела

Епидемиолозите информираат дека вакцинацијат е завршена на време, а досега се потрошени речиси сите вакцини.

Инаку, бројот на зболени од вирусот на грип е зголемен во сите земји од регионот.  Можно е оваа сезона да го достигне пикот за време на периодот на празници во многу земји што ќе се зголеми притисокот врз здравствените системе, потенцираат епидемиолозите.

Досега и во останатите земји доминира инфлуенца од тип А , а повеќето од вирусите се регистрирани како А (H3N2).