Од:

Груби: Не е точно дека сум се поздравувал со напаѓачите во Собрание

Пратеникот од ДУИ Артан Груби ги отфрли како лага и шпекулција тврдењата дека тој се поздравувал со толпата која изврши насилство врз пратениците во Собранието на 27 април.

Одговарајќи на новинарско прашање Груби рече дека, според таа логика ако барем некој го допрел во Собраниието тогаш и другите пратеници како Радмила Шекеринска и Зоран Заев, значи дека стапиле во контакт со толпата.

Груби денеска во Јавното обвинтелсто бил повикан како еден од нападнатите пратеници каде рече дека давал исказ за случувањата од негова гледна точка.

Тој го повика Обвинителството да не потпаѓа под партиски притисоци и да работи според законите за да се спроведе целосно истрага, да се расветлат насилствата и да се најдат одговорните.

Коментирајќи ја иницијативата од Тодор Петров за оспорување на изборот на Талат Џафери за собраниски спикер, Груби вели дека ВМРО ДПМНЕ мора да прифати дека тие се во опозиција и треба да се однесуваат конструктивно и да дозволат да се формираат институции кои ќе работат на реформи.