Од:

Груби: Во текот на денот ДУИ ќе објасни зошто излегува од владата

Артан Груби, шефот на кабинетот на претседателот на ДУИ Али Ахмети, за НОВАТВ порачува медиумите да имаат трпение оти во текот на денот партијата ќе ги образложи своите одлуки за излегување од владата.

Не можам да ви коментирам ништо во моментов, ниту пак ќе даваме изјави, но во текот на денот ДУИ ќе се обрати со писмено соопштение во коешто ќе ги објасни мотивите за излегувањето од владата, рече Груби.

Во моментов ниту една партија не го коментира потегот на ДУИ.

Претседателството на Демократската унија за интеграција (ДУИ) вчера доцна вечерта одлучи да ги повлече сите сегашни претставници на партијата во извршната власт на Република Македонија.