Од:

Груевски најавува дека нема да дозволи реизбор на судии

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи резибор на судии, изјави денеска лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски.

-СДСМ кога зборува за реформи за судството мисли на партизација на судството. Тие никогаш не направиле некакви реални реформи што би го подобриле работењето на истото. Оние коишто се повозрасни паметат што се случи во време на СДСМ со судството – се случуваше постојана партизација и контрола од страна на извршната власт, рече Груевски во врска со најавите на лидерот  на СДСМ Зоран Заев дека една од првите работи кои ќе ги направи доколку формира Влада се реизбор на комлетното судство.

Груевски рече дека ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се за да го спречи партизирањето на судството.

-ВМРО-ДПМНЕ ќе стои цврсто да се спречи партизација на судството, да се спречи контрола на судството од страна на СДСМ, затоа што СДСМ има долга историја на правење обиди на контролирање на судството, на негово партизирање, на вклучување на партиски кадри и на негова целосна контрола. Улогата на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде да го спречи тоа и ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се што е во негова моќ да го спречи партизирањето на судството, изјави Груевски.