Од:

Хан: На Западниот Балкан не ја завршивме работата

Западниот Балкан се наоѓа во нашиот двор и на тоа подрачје политиката на извоз на стабилност е исклучително релевантна,  изјави изјави европскиот комесар за соседска политика и пропирување Јоханес Хан на Универзитетот Принстон,  додавајќи дека таму работата не е завршена.

Според него, во регионот на Западен Балкан важно е да се одржи кредибилна и цврста европска перспектива на пристапување на ЕУ за да има потпора за стратешка стабилност и реформи, истакнувајќи дека мигрантската криза покажала дека регионот е веќе енклава внатре во ЕУ.

-Ако попуштиме во посветеноста на Балканот, некој друг би можел да се наметне и тој некој тоа веќе се обидува да го направи, предупреди Хан и нагласи дека ЕУ е најдобрата опција, но сите мора да бидат подготвени да играат.

-Локалните лидери на Западниот Балкан мора да вложат напори и да го продолжат напредокот, порача Хан, додавајќи дека лидерите мора да покажат политичка волја наместо да играат политички игри.

-Потребно е да спроведат вистински реформи на терен, посебно во областите на владеењето на правото и конкурентноста што може да ги загрози деловните модели на поединци, но стратешки не постои алтернатива и граѓаните тоа го знаат, рече Хан.

Говорејќи општо за проширувањето на ЕУ, тој рече дека овој процес со сите услови и критериуми е најдобрата безбедносна политика која ЕУ ја имала кога било, но таа не е бесплатна,

-Замислете каде би била сега Полска или балтичките земји да не беше проширувањето во деведесеттите години на минатиот век, изјави Хан, истакнувајќи дека само локалните лидери можат да ја завршат работата околу исполнувањето на критериумите за проширување.