Од:

Хан нема да се сретне со претставници на „За заедничка Македонија“

Еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, утре нема да се сретне со претставниците на граѓанската асоцијација „За заедничка Македонија“, како што тие побараа, соопшти портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич на денешниот брифинг во Брисел.

– Како што веќе реков во петокот, Хан ќе се сретне со политичките претставници. Вистина е дека има и други барања и често кога тој патува во земјата, ние се обидуваме да се сретнеме со што е можно повеќе соговорници, вклучително и со такви од граѓанското општество. Но, овојпат комесарот ќе се сретне само со политичките претставници, бидејќи неговата агенда не дозволува повеќе, рече Коцијанчич.