Од:

Хан во вторник во Скопје

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во вторник доаѓа во Скопје, објави Телма, за, како што неофицијално се дознава,  да изврши притисок врз претседателот Ѓорге Иванов да му го даде мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Се очекува до доаѓањето на Хан Собранието да се состане и пратениците да го изберат новиот спикер, по што официјално би го известитиле шефoт на државата дека е составено мнозинство од 67 пратеници и ќе побараат мандат за состав на нова Влада.

За посетата на Македонија, Хан ќе го искористи присуството во регионот, на состанокот на лидерите од Западен Балкан што се одржува во Сараево, каде ќе учествува премиерот Емил Димитриев.

На состанокот, чиј домаќин е претседавачот со Советот на министри на Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ, покрај Димитриев ќе учествуваат и премиерите на Албанија, Косово, Србија и Црна Гора, како и еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан и министерот за надворешни работи на Италија, Ангелина Алфана.

Се очекува главна тема да биде енергетиката.