Од:

Вицеадмиралот Харвард ја одби понудата на Трамп за советник

Вицеадмиралот Роберт Харвард ја одби функцијата советник за национална безбедност што му ја понуди американскиот претседател Доналд Трамп. Харвар требаше да го замени пензионираниот генерал Мајкл Флин кој даде оставка неделава.

Харвард соопшти дека ноже да ја превземе обврската, бидејќи како што кажа, „оваа работа бара посветеност 24 часа на ден, фокус седум дена во неделата и посветеноста да се заврши на вистински начин“

Роберт Харвард работел во Националниот совет за безбедност во администрацијата на претседателот Џорџ В. Буш, за контратероризмот и е поранешен член на специјалната единица на американската морнарица. Тој зборува персиски јазик, а се пензионирал во 2013 та година.

Во моментот работи како извршен директор во компанијата „Локхид Мартин”, каде е фокусиран на соработката со Обединетите Арапски Емирати.

 

Инаку, Мајкл Флин неделава даде оставка заради погрешно информирање околу неговите контакти со руски официјални лица за време на претседателскиот транзиционен период.