Од:

„Хепворт Вејкфилд“ – музеј на годината во Британија

На свечена церемонија во Британскиот Музеј во Лондон, доделена е најголемата и најпрестижната награда кога се работи за музеи. Добитник на британското признание Музеј на годината за 2017 година е „Хепворт Вејкфилд“, кој според проценувачите, содржи дела од кои застанува здивот.

Покрај признанието, овој музеј доби награда од 100.000 фунти. Покрај „Хепворт Вејкфилд“, и другите финалисти во конкуренцијата се наградени по 10.000 фунти.

„Музејот на Сер Џон Соан“ кој се наоѓа во Лондон, „Лапворт Музејот на геологија“ со седиште во Бирмингем, „Тејт Модерн“ од Лондон и Музејот за национално наследство од трки со коњи во Њумаркет се останатите финалисти.