Од:

Холандскиот премиер не сака тензии помеѓу неговата земја и Турција

Холандскиот премиер Марк Руте во неделата изјави дека не сака да продолжат тензиите помеѓу неговата земја и Турција. Истовремено тој ја бранеше одлуката на неговата влада да не и дозволи влез во Холандија на турската министерка и шефот на турската дипломатија. Во меѓувреме турскиот претседател и се закани на Холандија со санкции поради овие одлуки.

“Ќе направиме се што е можно да релаксирање на ситуацијата”, изјави Руте на државното радио НОС.

“Ние треба да бидеме разумната страна”, изјави тој.

Холандија ја извести турската министерка Фатма Бејтул Сајан Каја дека нема да и биде дозволено да дојде во Ротердам, но министерката решила сепак да дојде на граница игнорирајќи ги дипломатските предупредувања.

“Нејзиното присуство не беше посакувано” , рече Руте објаснувајќи зошто полицијата ја испратила министерката до границата со Германија. Таа беше дојдена со автомобил и сакала да оди во турскиот конзулат и да учествува на митинг на турската заедница за поддршка на референдумот кој се одржува на 16 април и кој треба да ја зајакне власта на претседателот Ердоган.

Руте ја обвини Турција дека ги третира Холанѓаните кои имаат турско потекло како Турци:

“Тоа се холандски граѓани и Холандија е горда на нив”, рече тој.

Околу 400.000 лица со турско потекло живеат во Холандија. Анкара прави кампања за својот референдум во европските земји каде што живеат лица со турско потекло и кои често имаа двојно државјанство.

Илјада луѓе се собраа пред турскиот конзулат во Ротердам за да протестираат поради забраната за влез на турската министерка. Во текот на ноќта имаше инциденти а холандската полиција употреби водени топови и коњи за да ја растури толпата. Дванесет лица биле уапсени а еден полицаец бил ранет.

Во среда во Холандија се одржуваат парламентарни избори. Анкетите предвидуваат можна победа на екстремната десница на Герт Вилдерс која, ако не победи, најверојатно ќе има добар резултат.