Од:

Холивуд против Трамп: Време е за заштита на човековите права

Американските глумци Том Хенкс, Алек Болдвин и многу други го критикуваа претседателот Доналд Трамп и ги повикаа граѓаните да ги заштитат своите основни човекови права, кои според нив се загрозени токму поради него.

Ваквиот апел тие го испратија од добротворниот настан што се одржа синоќа во организација на Здружението за граѓански слободи (АЦЛА) во Њујорк.

Хенкс рече дека потезите на новиот претседател на САД, како што е забраната за патување, се трагични, истакнувајќи дека тоа не се американските вредности за кои учел во детството.

На добротворниот настан се појавиле и актерите Трејси Морган, Тина Феј, Титус Бургес, пејачот Ашер и многу други. Настанот траел четири часа и во живо бил пренесуван на интернет страниците „Stand for Right 2017″ и на весникот Хафингтон пост.

Водителката Падма Лакшими го истакна своето имигрантско потекло и го осуди обидот на Трамп да ја ограничи емиграцијата во САД.